Утрински Весник
Свет

Кинески град се бори против масовното цветање на алги што може да прерасне во еколошка катастрофа

Кинески град се бори против масовното цветање на алги што може да прерасне во еколошка катастрофа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинескиот пристанишен град Чингдао на северот на земјата распореди илјадници чамци што собираат алги кои почнаа да цветаат и кои се закануваат да го загрозат поморскиот свет, но и туризмот и водниот сообраќај.

Ваквите цветања на алгите може да ги потиснат изворите на храна за океанските животни, а во исто време да создадат и силен мирис, пренесува АП.

Државните медиуми објавија дека епидемијата на расцветани алги се проширила на околу 9.290 квадратни километри и дека властите распоредиле околу 7.300 пловни објекти кои досега собрале 240.000 тони алги.

Се наведува дека Чингдао се соочува со ваква епидемија најмалку 15 години, но никогаш не била на ова ниво.

Цветањето на алгите може да се случи природно, но се смета дека е во пораст како резултат на зголемувањето на температурите во морето и големата употреба на ѓубрива базирани на хемикалии.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична