Утрински Весник
Магазин

Кинеските фанови на „Пријатели“ лути по реобјавувањето на серијата со цензура

Кинеските фанови на „Пријатели“ лути по реобјавувањето на серијата со цензура

Кинеските фанови на американскиот ситком „Пријатели“ изразија незадоволство откако забележаа цензура во неодамна реобјавените епизоди од омилената серија, вклучително и ЛГБТ теми.

Неколку големи кинески стриминг-сајтови, вклучувајќи ги Tencent, Baidu’s IQiyi Inc, Alibaba’s Youku и Bilibili, почнаа да ја прикажуваат првата сезона на серијата во петокот (11 февруари), што е прво повторно објавување во Кина по повеќе години.

Но, фановите набрзо забележаа дека некои делови од долгогодишната серија се различни од она што го виделе претходно и се пожалија на цензура која вклучува отстранување на лезбејски, геј, бисексуални и трансродови содржини, како и погрешни преводи.

Еден пример, разговорот каде Рос (еден од главните ликови) објаснува дека неговата сопруга е лезбејка, е избришан.

Друга сцена каде што друг лик, Џои, предлага да одат на „стриптиз џоинт“ е преведена како „ајде да излеземе и да играме“ на верзијата прикажана на „Тенсент видео“.

„Ројтерс“ потврди дека верзијата на „Тенсент“ од повторно објавената сезона ги вклучува тие промени.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста