Утрински Весник
Свет

Кинескиот министер за одбрана: Кина не може да се скроти

Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) не се плаши од своите непријатели и е подготвена да се бори за суверенитетот на земјата поради обидите на САД да го дестабилизираат азиско-пацифичкиот регион, изјави во вторникот кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе.

dobivaj vesti na viber

„Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, неодамна го посети Тајван, што беше грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Ова предизвика негативни ефекти врз мирот и стабилноста во регионот и во Тајванскиот теснец“, рече тој во видео обраќањето на 10-та Московска конференција за меѓународна безбедност.

Како што рече, Кина не може да се „скроти“, не се плаши од зли сили, ниту од непријатели, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Тасс.

„Ние сме решени и подготвени да се бориме со секој непријател“, тврди Фенгхе.

Тој рече дека Тајван е составен дел на Кина и дека Пекинг ги смета сите овие прашања за внатрешни политички проблеми, во кои ниту една друга земја нема право да се меша.

„Сепаратистите кои се залагаат за таканаречената независност на Тајван сигурно ќе си го скршат вратот. Обидите за надворешно мешање се осудени на неуспех“, рече кинескиот министер.

Тој ја посочи важната улога на земјите-членки на Шангајската организација за соработка во контекст на „дестабилизирачките акции на Вашингтон во регионот“.

Тој рече дека Кина спроведува големи воени вежби околу Тајван, нарекувајќи ги „легитимни и коректни“ акции насочени кон заштита на суверенитетот на „нашата земја“.

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци