Утрински Весник
Свет

Кинескиот закон за развод ги обесхрабрува младите да стапат во брак

Кинескиот закон за развод ги обесхрабрува младите да стапат во брак

Сегашниот кинески закон за развод, кој пропишува дека сопружниците мора да чекаат 30 дена пред формализирањето на разводот, се чини дека ги обесхрабрува младите да стапат во брак.

Според податоците на кинеското Министерство за цивилна администрација, околу 296.000 разводи биле официјализирани во првите три месеци од оваа година, што е за 70 проценти помалку отколку во првите три месеци од минатата година, кога биле евидентирани 1,05 милиони разводи, пренесува лондонскиот „Гардијан“.

Зголемувањето на бројот на разводи и намалувањето на бројот на бракови во Кина резултираа со намалување на бројот на новороденчиња и ја доведоа Кина во демографска криза, поради што владата ги промовира традиционалните семејни вредности и ги обесхрабрува паровите од развод

Новиот закон за задолжително 30 дена пред воведувањето на разводот беше воведен на 1 јануари, со намера да влијае на зголемувањето на наталитетот, но тој предизвика негодување, особено кај жените, и им го отежнува на младите да донесат одлука да застанат пред матичар.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња