Утрински Весник
Свет

Кинеската делегација ја напуштила салата за време на говорот на Зеленски?

Dik 300x250 mk

Кинеската делегација ја напушти салата на Азиската меѓународна безбедносна конференција „Дијалог Шангри-Ла“ за време на говорот на претседателот на Украина Володомир Зеленски, пишува украинскиот портал „Страна“, а пренесе Спутник.

„Ако не можеме да ја извеземе нашата храна, која недостасува на светскиот пазар, светот ќе се соочи со акутна и тешка прехранбена криза и глад во многу земји во Азија и Африка. Недостигот од храна ќе доведе до политички хаос што може да доведе до соборување на многу влади и протерување на политичарите. Оваа закана станува очигледна поради зголемувањето на цените на голем број производи во многу земји“, рекол Зеленски обраќајќи се преку видео врска.

Конференцијата се одржува од 10 до 12-ти јуни во Сингапур, а претставниците на Русија не учествуваа, пренесуваат медиумите.

Претходно пишуваа дека кинеската делегација на Меѓународниот економски форум во Давос не му аплаудирала на украинскиот лидер по неговото обраќање, иако агенцијата Ксинхуа подоцна ја демантираше таа информација.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон