Утрински Весник
Свет

Кинеската вакцина се покажа добра во првите две студии

Кинеската вакцина се покажа добра во првите две студии

Вакцината за коронавирус, што ја развива Институтот за биолошки производи во Пекинг на првиот и средниот тест врз луѓе, се покажа дека е добра и дека предизвикува имунолошки одговор, соопштија истражувачите.

Потенцијалната вакцина BBIBP-CorV веќе е одобрена за програма за итни случаи наменета за работници и други ограничени групи на луѓе кои се соочуваат со висок ризик од инфекција, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, дали успешно ги штити луѓето од инфекција, ќе се дознае по третата фаза на тестирање која е во тек.

Оваа вакцина е една од најмалку 10-те во светот кои влегоа во третата фаза на тестирање, а четири беа направени од кинески научници.

Вакцината BBIBP-CorV не предизвикала несакани ефекти, туку само вообичаени благи реакции и треска, како и болка на местото каде што е примена вакцината.

Во првите две фази од истражувањето, спроведено помеѓу април и јули, учествувале 600 здрави возрасни лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков