Утрински Весник
Свет

Кинеската вакцина доби халал сертификат во Индонезија

Кинеската вакцина доби халал сертификат во Индонезија

Вакцината против Ковид-19, произведена од кинеската компанија „Синовак“, доби халал сертификат во Индонезија, со што таа е дозволена според шеријатскиот закон, објави индонезискиот верски совет Улема, неколку дена пред земјата да планира да започне програма за имунизација со кинеската вакцина.

Асорурун Ниам Шолех од правната комисија на исламскиот совет за фатва на прес-конференција во Џакарта изјави дека вакцината наречена Коронавак е света и халал, што значи дека е дозволена за употреба во исламскиот свет.

И покрај фактот дека сè уште не постои одобрување од нејзиното регулаторно тело, Агенцијата за храна и лекови, Индонезија, која е најнаселена муслиманска земја во светот, доби испорака на три милиони дози Коронавак од кинескиот производител „Синовак“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет