Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) откри дека добил понуда од Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за сите учесници на олимпијадите во Токио ова лето и во Пекинг во 2022 година.
ИОЦ лани ги одложи Летните игри во Токио за оваа година, но има големи сомнежи за одржувањето поради пандемијата на коронавирусот и сега Кина се нуди да ги плати сите трошоци.
„ИОЦ доби одлична понуда од Кинескиот олимписки комитет, домаќинот на Зимската олимпијада во Пекинг во 2022 за дополнителни дози вакцини за сите учесници на Токио 2020 и Пекинг 2022“, потврди претседателот на ИОЦ, Томас Бах.
ИОЦ засега не бара задолжителна вакцинација за оние што ќе учествуваат на овие две олимпијади, а организаторите во Токио објавија детален план за учесниците со социјално дистанцирање, забрана за користење јавен транспорт, но и забрана за странски навивачи на најголемото спортско натпреварување.
> Кинезите понудиле вакцини за сите олимпијци <