Утрински Весник
Свет

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки, по најавата за прекинување на договорот за екстрадиција со Хонг Конг.

Откако Велика Британија објави дека ќе го прекине договорот за екстрадиција што го има со Хонгконг, полуавтономен регион во Кина, Пекинг ги повика британските власти веднаш да ги исправат своите грешки.

Говорејќи на редовна прес-конференција, повикот го испрати во Лондон портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, истакнувајќи дека дејствата на Велика Британија претставуваат кршење на меѓународното право и норми.

Кина остро се спротивставува на тоа и го задржува правото да реагира, рече Ванг, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците го легализираа семејното насилство: Донесоа закон што дозволува тепање жени и деца

Трамп од Зеленски побарал војната да заврши за еден месец

Бил и Хилари Клинтон ќе сведочат за врските со Епштајн