Утрински Весник
Економија

Кина ја делат 30 години од статусот индустриска велесила, смета владин советник

Кина ја делат 30 години од статусот индустриска велесила, смета владин советник

Уште најмалку 30 години ја делат Кина од статусот на индустриска суперсила, смета владин советник, предупредувајќи на зависноста на индустријата од странската технологија.

Многу набљудувачи веќе ја перцепираат Кина како светска сила бидејќи го произведува секој трет автомобил и телефон во светот, забележува Би-би-си.

Кинеските лидери, пак, се загрижени за нивната голема зависност од американските технолошки производи, како што се полупроводниците.

„Основните капацитети се сè уште слаби. Клучните тхнологиите се во рацете на другите, а тоа може сериозно да ја погоди Кина“, предупредува Мијао Веј, кој десет години беше министер за индустрија и информатичка технологија, а сега е член на владиниот совет.

Иако Кина произведува значителна количина потрошувачки и индустриски производи, учеството на индустријата во економијата минатата година паднало за близу 25 проценти, што е најниско ниво од 2012 година.

„Уделот на индустријата во БДП падна предвреме и премногу нагло“, рече Мијао во говорот пред членовите на советничкиот комитет.

„Кинеската преработувачка индустрија направи големи работи во последниве години, но сепак е во основа голема, но не и силна, обемна, но не и добра“, додаде тој.

Во петгодишен план, објавен кон крајот на минатата недела, Кина го зацрта развојот на софистицирани технологии, од чипови до вештачка интелигенција. Целите се надоврзуваат на повеќекратните напори на кабинетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го блокира пристапот на Кина до технологијата.

Кинеските компании, како што е „Хуавеј“, не можат да набават клучни електронски делови од САД, потсетува Би-би-си.

Затоа, кинеските лидери го утврдија создавањето на домашни производители како клучен приоритет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена