Големите летни поплави се вообичаени во Кина, но рекордните врнежи од дожд во некои региони оваа година поставија нови предизвици за властите додека земјата се обидува да се прилагоди на климатските промени предизвикани од зголемените температури.
Кина мора да се подготви за потенцијални катастрофи, бидејќи овогодишната сезона на поплави достигнува критичен период, предупреди денеска заменик-министерот во кинеското Министерство за вонредни ситуации.
„Критичниот период почнува во средината на јули, а официјалните лица на сите нивоа треба да ги разберат потенцијалните ризици“, рече Жу Сувен на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“.