Утрински Весник
Свет

Кина пред дипломатите го презентира истражувањето за потеклото на коронавирусот

Во Кина најголем скок на бројот на заболени од април

Кинеските власти пред дипломатите го презентираа истражувањето за потеклото на коронавирусот пред објавувањето на долгоочекуваниот извештај на стручниот тим на Светската здравствена организација.

„ Наша задача е да демонстрираме отвореност и транспарентност. Се боревме со пандемијата на транспарентен начин и немаме што да криеме“ изјави Јанг Тао, службеник на кинеското Министерство за надворешни работи.

Сепак, не е јасно кога ќе се објави конечниот експертски извештај, бидејќи двете страни треба да се договорат за содржината на документот.

По исцрпните дискусии, експертите гласаа за хипотезите за тоа како вирусот стигнал до Вухан и се согласиле дека најверојатно дошол преку два можни извори од животинско потекло и преку замрзната храна.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко