Утрински Весник
Свет

Кина повторно воведе контрола на патување во провинцијата Гуангдонг

Кина повторно воведе контрола на патување во провинцијата Гуангдонг

Кина денес повторно воведе контрола на патување поради коронавирусot во нејзината јужна провинција Гуангдонг.

Сите оние кои го напуштаат регионот мора да бидат тестирани за коронавирус по наглиот пораст на новозаразени лица што ги алармира властите.

Гуангдонг, кој се граничи со Хонгконг, во последните 24 часа евидентира 20 нови случаи на коронавирус, а сите се добиени локално.

Бројот на новозаразени во Гуангдонг е мал во споредба со многу места во светот, но зголемувањето ги „потресе“ кинеските лидери кои сметаа дека ја имаат оваа болест под контрола, објави АП.

Луѓето кои заминуваат од Гуангдонг со авион, воз, автобус или приватен автомобил, од денес мора да ги покажат резултатите од тестот за нуклеинска киселина во изминатите 72 часа, објави покраинската влада.

Владата на главниот град на провинцијата, Гуангжу, деловен центар во кој живеат 15 милиони луѓе, нареди масовно тестирање откако беа регистрирани локално добиени инфекции на 21 мај.

Минатата среда биле тестирани 700.000 луѓе.

Можете да прочитате

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви