Утрински Весник
Свет

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

УНИЦЕФ: 28 компании ќе произведуваат вакцина против Ковид-19 во следните две години

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус.За вакцината Кансино е потребна само една доза и, како што е наведено, е ефикасна во скоро две третини од случаите четири недели по вакцинацијата.

Втората вакцина е произведена на Институтот за биологија во Вухан, која е дел од државната компанија „Синофарм“ и е ефикасна во повеќе од 72 проценти од случаите.

Вакцините од Синовак и Синофарм претходно беа одобрени за употреба. Двете компании тврдат дека можат да произведат милијарда дози годишно, според АП. Најавено е дека годишното производство на вакцината Кансино ќе биде 300 милиони, а вакцината од Вухан 100 милиони дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија