Кина одобри продажба на три традиционални кинески лекови за помош во лекувањето со Ковид-19, објави вчера Националната агенција за лекови.
Одобрените билни производи доаѓаат во форма на гранули и потекнуваат од древни кинески рецепти, се вели во соопштението на агенцијата, кои додаваат дека подготовките биле надгледувани од многу академици и експерти.
Станува збор за три вида на капсули „Гранули за чистење и детоксикација на белите дробови“, „Гранули за одвлажнување и детоксикација на белите дробови“ и „Гранули за дифузија и детоксикација на белите дробови“.
Според кинеското министерство за наука, десетици илјади пациенти заразени со Ковид-19, ги примиле овие лекови од растително потекло во Кина минатата година, заедно со водечките антивирусни лекови, пренесуваат светските агенции.
„За време на клиничките испитувања кај 102 пациенти во Вухан со лесни симптоми на коронавирус, е откриено дека лицата кои примиле комбиниран третман на лекови покажале за 33% побрзо опоравување во споредба со пациентите кои примиле само западни лекови“, истакнуваат од Националната управа за традиционална кинеска медицина.
Кинеските власти ја пофалија ефикасноста на традиционалните лекови како помош во ублажување на симптомите на Ковид-19. Во јануари годинава, полициските службеници добија до 60.000 дози од традиционалните лекови за да се заштитат од инфекција со коронавирус.