Утрински Весник
Свет

Кина: Не земаме анални брисови за тестирање на коронавирус на американски дипломати

Кина: Не земаме анални брисови за тестирање на коронавирус на американски дипломати

Кинеското Министерство за надворешни работи демантираше дека на американските дипломати им биле земани анални брисови на Ковид-19, откако медиумите објавија дека некои американски дипломати се жалат на оваа постапка, пренесува „Ројтерс“.

„Колку што ми е познато, од американскиот дипломатски персонал стациониран во Кина никогаш не беше баран анален брис за тестот на Ковид-19“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Зао Лиџијан на денешната прес-конференција, според агенцијата.

„Ројтерс“ пренесува дека американската медиумска онлајн платформа „Вајс“ го цитирала официјалниот претставник на Стејт департментот во средата дека ваквиот тест бил земен по грешка и дека Кина соопштила дека ќе престане да користи брисови за тестирање американски дипломати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Венс: Не сме во војна со Иран