Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кина и понуди на Латинска Америка милијарда долари за пристап до вакцината против коронавирус

Кина и понуди на Латинска Америка милијарда долари за пристап до вакцината против коронавирус
300x250 opst2

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји најави дека на Латинска Америка и на Карибите ќе им позајми 1 милијарда американски долари за пристап до вакцината против коронавирус, се вели во соопштението објавено од мексиканското Министерство за надворешни работи.

Ји посочи дека вакцината развиена во неговата земја ќе биде јавна корист на универзалниот пристап и дека Кина ќе го поддржи пристапот до вакцината за Латиноамериканците со милијарда долари.

За време на вчерашниот брифинг, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и се заблагодари на Кина по најавувањето на заемот.
„Ние сме многу благодарни на Кина, кинеската влада и претседателот. Голема медицинска помош досега ни пристигна од Кина и сега ја имаме оваа поддршка“, рече Обрадор.

Според кинеските власти, Кина, Латинска Америка и Карибите, иако се разделени со океаните, останале заедно во практична борба против коронавирусот.

Латинска Америка во мај стана глобален епицентар на коронавирусот. Анализите на Си-Ен-Ен за податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“ покажуваат дека Латинска Америка и Карибите претрпеле повеќе смртни случаи како резултат на „Ковид-19“ отколку Америка и Канада.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија