Утрински Весник
Свет

Кина ѝ донира 30.000 вакцини на Црна Гора

Кина ѝ донира 30.000 вакцини на Црна Гора

Кина одобри донација од 30.000 дози вакцина на „Синофарм“ за Црна Гора, која набргу треба да пристигне во земјата, објави владата на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека кинеските власти ја одобриле донацијата откога биле контактирани од црногорската влада и покрај ограничените капацитети за производство на вакцини во Кина и на глобално ниво.

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, владата истакна дека кинеските власти ги поддржале своите производители да преговараат со надлежните органи во Црна Гора за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението се вели дека Кина учествуваше во иницијативата „Ковакс“ на Светската здравствена организација и ќе им обезбеди 10 милиони вакцини.

Донацијата на Кина за Црна Гора и меѓусебните односи од почетокот на пандемијата се уште една потврда и знак за дополнително јакнење на традиционалното пријателство меѓу двете земји и народи, се заклучува во соопштението.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови напади: „Погледнете што ќе им се случи на овие пореметени гадови денес“

САД одобрија привремена продажба на руска нафта

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот