Утрински Весник
Свет

Кина испраќа војници во Русија за да ја зајакне соработката

На крајот на август Кина ќе испрати војници во Русија на заеднички воени вежби со цел зајакнување на соработката меѓу двете армии, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Пекинг претходно соопшти дека сака билатералните односи да ги подигне „на повисоко ниво“ и покрај меѓународната осуда на Русија поради војната во Украина.

Како што се наведува во соопштението, Кина ќе учествува на годишните вежби на Восток, пренесе Бета.

Според најавите од Москва, вежбите треба да се одржат од 30 август до 5 септември.

Можете да прочитате

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море

Оман до САД: Изгубивте контрола, запрете ја војната

Дали Трамп подготвува копнен напад врз Иран?