Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кина е опција за Ериксен

Кина е опција за Ериксен
Img 7972

Кристијан Ериксен е отпишан во Интер. Данецот, кој во јануари, пристигна во клубот како големо засилување, на последните три натпревари има одиграно вкупно десет минути.

Интер се подготвени да ги слушнат понудите за Ериксен, но јасно е дека ќе се обидат да ги врата парите што ги вложија во неговиот трансфер. Со провизиите, Интер за Данецот издвои 30 милиони евра.

За Ериксен постои интерес од Премиер лигата, но медиумите во Италија тврдат дека најреална опција е тој да се пресели во Кина.

Џангсу е братски клуб на Интер, имаат исти сопственици. Доколку се остварат најавите, Ериксен во Кина би се пресели на позајмица, а би ја имал истата плата, од 7,5 милиони евра.

Во Џангсу играат Бразилците Алекс Тешеира, Миранда и Едер, Хрватот Снатини и Африканецот Вакасо.

> Кина е опција за Ериксен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН