Утрински Весник
Свет

Кина единствената економија во светот што ќе забележи раст

Кина единствената економија во светот што ќе забележи раст

Кинеската економија забележува раст во третиот квартал, поддржано од забележливо закрепнување на потрошувачката на почетокот на есента, по шокот предизвикан од коронавирусот.

Активностите во втората по големина економија во светот се зголемини за 4,9 проценти од јуни до септември во однос на истиот период минатата година, соопшти заводот за статистика.

Тие се зголемија за 3,2 проценти во вториот квартал.

На квартално ниво, БДП се зголеми за 2,7 проценти во периодот од јуни до септември. Тоа беше за 11,5 проценти повисоко во вториот квартал во споредба со почетокот на годината обележано со избувнување на епидемијата.

Во периодот од јануари до септември, активностите беа за 0,7 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година.

Закрепнувањето на втората светска економија од коронавирусот започнало во рана пролет, а новите податоци откриваат дека тоа се проширило и кон потрошувачката на почетокот на есента. Така, продажбата на мало се зголемила за 3,3 проценти на годишно ниво во септември. Во август пораснало за скромни 0,5 проценти.

Инвестициите на компаниите исто така покажуваат забележителни знаци на закрепнување. Така, инвестициите во основен капитал во првите девет месеци беа повисоки за 0,8 проценти отколку во истиот период во 2019 година. Во првите осум месеци, тие беа пониски за 0,3 проценти.

Владата воведе бројни мерки за зајакнување на растот и поддршка на вработувањето, вклучително и зголемена државна потрошувачка и даночни олеснувања. Централната банка ги намали основните каматни стапки и ги олесни прописите за банкарските резерви.

Оваа година кинеската економија ќе биде единствената во групата големи економии што бележи позитивна стапка на раст – 1,9 проценти, проценува ММФ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков