Утрински Весник
Свет

Кина до Јапонија: „Веднаш престанете“

Кина силно се спротивставува на новиот документ за одбраната на Јапонија подготвен од експерти од земјата, па затоа испрати пораки до Токио, соопшти кинеското министерство.

dobivaj vesti na viber

Претходно денеска, Јапонија ги истакна последиците од конфликтот меѓу Русија и Украина, „кинеското заплашување на Тајван“ и заканата за технолошките синџири на снабдување како најголеми закани за нејзината безбедност во белата книга за одбраната, документ кој се однесува на одбранбените прашања и се објавува секоја година, пренесува Ројтерс.

„Новата бела книга за одбраната на Јапонија ја осудува и оцрнува одбранбената политика на Кина, економскиот развој и легитимните поморски активности“, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на прес-конференција, пренесе Ројтерс. Ванг истакна дека извештајот „ја преувеличува таканаречената кинеска закана“ и се меша во внатрешните работи на Кина во однос на Тајван.

„Кина го изрази своето силно незадоволство и упати силни приговори кон јапонската страна во овој поглед“, додаде тој.

„Ја повикуваме јапонската страна веднаш да престане да ги преувеличува безбедносните закани во нејзиното соседство и да најде изговори врз основа на тоа за да воспостави сопствена воена машинерија“, додаде Ванг, пренесе британската агенција.

Во јапонската бела книга, рускиот напад врз Украина беше окарактеризиран како „сериозно кршење на меѓународното право“ и беше изразена загриженост дека решавањето на спорот во Украина со употреба на сила е преседан што ја загрозува безбедноста на Тајван, за кој Пекинг смета дека е свој територија, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени