Утрински Весник
Свет

Кина воведува санкции за американските компании

Кина воведе санкции за 11 американски државјани

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, објави дека се воведуваат санкции и дека меѓу тие компании се наоѓаат и „Локид Мартин“, „Боинг“ и „Рејтеон“, како и одредени лица.Портпаролот не кажа што вклучуваат споменатите санкции за компаниите.

Во исто време, портпарол на Боинг за Ројтерс изјави дека партнерството на компанијата со кинеската авијациска заедница подразбира долгорочни меѓусебни придобивки и дека Боинг останува посветен на тоа партнерство.

Официјален Вашингтон минатата недела одобри продажба на оружје во вредност од 1,8 милијарди долари на Тајван и покрај предупредувањата на владата од Пекинг дека тоа ќе им нанесе голема штета на односите меѓу двете економски најмоќни земји во светот.

Официјален Вашингтон ветуваше во осумдесеттите години од минатиот век да ја намали и укине продажбата на оружје на Тајван, но инсистираше на тоа дека спорот со Пекинг мора да се реши по мирен пат.

„За да ги зачува националните интереси, Кина одлучи да воведе санкции за американските компании вклучени во продажба на оружје на Тајван“, рече портпаролот на редовната прес-конференција.

Односите меѓу Кина и Соединетите Држави (САД) паднаа на најниско ниво во последните неколку децении, со спорови околу безбедноста, технологијата, пандемијата на коронавирусот и човековите права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани