Утрински Весник
Свет

Ким Јонг-ун: Северна Кореја ќе создаде непобедлива армија

Ким Јонг-ун: Северна Кореја ќе создаде непобедлива армија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вети дека ќе направи непобедлива армија која никој не би се осмелил да ја предизвика. Тој ги обвини САД дека создаваат тензии со погрешни потези, нагласувајќи дека во пракса не покажуваат дека немаат непријателски намери кон неговата земја.

Ким Јонг-ун зборуваше за создавање непобедлива армија на изложбата на ново оружје на Северна Кореја, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

„САД честопати велат дека не се непријателски настроени кон нашата земја, но нема докази што би нѐ убедиле дека тие не се непријателски. Вашингтон продолжува да создава тензии во регионот со своите погрешни проценки и постапки“, рече севернокорејскиот лидер.

Ким кажа дека модернизацијата на севернокорејската армија не е насочена против Јужна Кореја и дека не треба да има нова војна во која корејскиот народ би се борел меѓусебно.

Изложбата на оружје „Самоодбрана-2021“ се одржа вчера и е настан што е дел од прославата на 76. роденден на владејачката Работничка партија.

Можете да прочитате

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција