Утрински Весник
Свет
Img 7972

Ким Јонг Ун нареди конфискација на кучињата-миленици во главниот град на Северна Кореја

Ким Јонг Ун нареди конфискација на кучињата-миленици во главниот град на Северна Кореја
300x250 opst2

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун нареди да бидат конфискувани кучињата- миленици во главниот град на земјата велејќи дека тие претставуваат западна „декаденција“ – но нивните сопственици стравуваат дека милениците се всушост упатени кон нечија трпеза, пренесува „Њујорк пост“.

Ким ја издаде директивата во јули да се соберат милениците, тврдејќи дека тие се дел од „расипаниот“ тренд на буржуаската идеологија, изјавил извор за англиското издание на јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.

„Обичните луѓе одгледуваат свињи и добиток на нивните тремови, но високите службеници и богатите чуваат кучиња-миленици, што предизвикаа незадоволство меѓу пониските класи. Властите идентификуваа домаќинства со кучиња-миленици и ги принудуваат да се откажат од ив или принудно да им ги конфискуваати да ги успијат,“ рече изворот.

Но, додека угнетувачкиот режим вели дека овој потег е за уништување на капиталистичката екстраваганција во Пјонгјанг, сопствениците на кучиња стравуваат дека со оглед на недостигот на храна во Северна Кореја – и традицијата за јадење месо од кучиња – директивата е наменета само за да ги нахрани масите.

„Сопствениците на кучиња го колнат Ким Јонг Ун зад грб, но рацете им се врзани,“ вели изворот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот