Утрински Весник
Магазин

Ким слета во Австралија, дојде да го види Пит

Dik 300x250 mk

Ким Кардашијан е фотографирана додека пристигнува на аеродромот Кернс во Квинсленд, Австралија, каде нејзиното момче Пит Дејвидсон го снима филмот „Волшебници“ покрај Орландо Блум.

dobivaj vesti na viber

„Ким заминува за Австралија за да го посети Пит овој викенд,“ извор близок до парот откри за „Е! њуз“. „Таа сакаше да помине време со своите деца пред да замине и беше на патување со нив. Сега оди да го види Пит и е многу возбудена”.

Основачката на брендот за долна облека „СКИМС“- која ги дели Норт (9), Сент (7), Чикаго (4) и Псалм (3), со поранешниот сопруг Канје Вест – беше фотографирана како слегува од својот приватен авион во саботата.

Ким и Пит, чија романса започна минатата есен, беа физички разделени речиси четири недели.

Додека Пит беше зафатен со работа на другиот крај на светот, Ким ја покажуваше својата љубов оддалеку преку социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од нив заедно покрај базен.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб