Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан ќе им подари по 500 долари на 1.000 луѓе

Ким Кардашијан ќе им подари по 500 долари на 1.000 луѓе

Ким Кардашијан Вест во понеделникот соопшти дека е подготвена да испрати рано Божиќно изнендување за 1.000 луѓе на кои ќе им подари по 500 американски долари, што се надева дека ќе им помогне да стават храна на маса откако коронавирусот остави многумина без работа и без средства за плаќање сметки.

Sвездата на ток-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ ќе испраќа пари преку CashApp на луѓе по случаен избор, односно оние што го споделуваат своето корисничко име на социјалната мрежа CashApp заедно со хаштагот #KKWHoliday.

Во соопштението објавено на Твитер, таа напиша: “Ова е најубавиот период од годината. Знам дека 2020 година беше навистина тешка и луѓето се мачат, се секираат за тоа како ќе плаќаат кирија, како ќе стават храна на маса или подарок под елката за нивните деца.“

„Сакам да ширам љубов испраќајќи по 500 долари на 1.000 луѓе. Испратете ми го вашиот $кештаг подолу со  #KKWHoliday.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста