Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан сподели божиќни фотографии од минатотото

Ким Кардашијан сподели божиќни фотографии од минатотото

Ким Кардашијан Вест се наврати на незаборавните божиќни честитки на нејзиното семејство во текот на изминатите децении, во услови кога пандемијата на Ковид -19 ги спречи да направат нова.

Таа обожава семејни спомени од празници, во време кога семејството и најблиските роднини не беа во можност да се соберат заедно за нивната годишна фотографија со Божиќна честитка. Повеќето празнични традиции, како и нивната Божиќна забава беше откажана поради светската здравствена криза.

„Бидејќи не направивме Божиќна честитка оваа година, ќе се навратам на некои од минатото“, напиша 40-годишната ријалити sвезда на својот Инстаграм во четвртокот. „Се надевам дека сите се среќни и здрави“.

И покрај тврдењата дека живеат одвоени животи со сопругот Канје Вест, бидејќи таа е претежно во Лос Анџелес, додека тој е на нивниот ранч во Вајоминг, Ким се наврати на нивната семејна честитка за Божиќ 2019 година.

На фотографијата, Ким и нејзините четири деца, седат со таткото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање