Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан и семејсвото подарија 30 часовници „ролекс“ за крај на нивното шоу

Ток-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ ги заврши своите последни сцени неодамна и за да го прослават крајот на една ера, Кардашијанови им подарија часовници од 10.000 долари на секој од 30-те членови на персоналот, пренесува порталот „ТМЗ“.

Под фотографијата со чаша шампањ што ја сподели за своите милиони следачи на Инстаграм, таа напиша: „Официјално плачам. Благодарам за секоја секунда”.

Најпопуларната sвезда на реалното шоу (40) сподели кусо бекстејџ-видео, на кое зад сцената со својата екипа го обележа крајот на шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“.

„Тукушто го завршивме снимањето засекогаш. Зар не е тоа лудо? Сега пиеме со мојата екипа во мојот двор, се дружиме. На здравје – не знам – за 15 години, 20 сезони лудости и многу љубов“, вели таа во клипот.

Минатиот септември семејството Кардашијан соопшти дека по 14 години и 20 сезони, нивното ток-шоу завршува.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата