Американската ријалити sвезда Ким Кардашијан, чие семејство е по потекло од Ерменија, проговори за конфликтот во Нагорно Карабах и го повика Азербејџан да престане со офанзивната употреба на сила против ерменскиот народ.
Во серија твитови Ким Кардашијан го повика и Вашингтон да ја запре воената помош за Баку.
Сопругата на раперот Канје Вест исто така имаше порака за Турција, на која и порача да престане да испраќа оружје и борци во зоната на конфликтот, како поддршка на азербејџанската страна.
Ким Кардашијан исто така ја повика меѓународната заедница да преземе политички и дипломатски мерки за да спречи непотребна ескалација и трагедија, пренесува „Спутник“.
„Ерменија е жртва на неиспровоцирани напади од Азербејџан“, рече Ким Кардашијан, додавајќи дека нападите се придружени со „предвидлива кампања за дезинформација“.
„Азербејџан, освен во случај на воена пропаганда, ги блокира социјалните мрежи“, тврди Ким Кардашијан.
Во неделата ескалираа судирите во Нагорно Карабах, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за започнување борбени дејства.