Утрински Весник
Магазин

Ким Бесинџер забележана првпат по долго време

Ким Бесинџер забележана првпат по долго време

Ким Бесинџер беше една од најубавите жени во осумдесеттите и деведеситтите, и секако, една една од најатрактивните филмски кралици кога глумеше Бонд девојка во „Никогаш не кажувај никогаш повеќе“ со Шон Конери, и предмет на наклонетост на Мики Рурк во еротската драма „Девет и пол недели“.

 

Во изминатите 20 години, сега веќе 67-годишната Ким стана самотњак и многу ретко прифаќа филмски улоги.

Но, минатата недела холивудската ветеранка ја забележаа за првпат откако поранешниот сопруг Алек Болдвин го дочека поздрави своето седмо дете во март годинава. Болдвин има шест деца со сопругата Хилари Болдвин и едно со Ким.

Ким е фотографирана во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, по посета во фризерски салон.

 

 

Можете да прочитате

Трик што го спасува собраниот волнен џемпер – потребен ви е само регенератор за коса

Авион на „Бритиш ервејс“ изгуби тркало при полетување

Оваа сабота едукативно со „Реплек“ и Елена Бубало: Совети за правилно вежбање