Лајпциг ја намали предноста на Баерн по 28.коло во Бундеслигата, кое го обележа натпреварот со седум гола помеѓу Ајнтрахт и Волфсбург.
Баерн, со комбиниран состав, не успеа да го победи Унион Берлин. Натпреварот во Минхен заврши без победник 1:1. Мусиала го постигна голот за Баерн во 68.минута, а израмни Ингвартсен на четири минути до крајот.
Лајпциг во првото полувреме ја обезбеди победата над Вердер во Бремен. Во првиот дел погодија Олмо и два пати Сорлот. До крајот Рашица го постигна почесниот гол за Вердер, а Сабицер во 88. минута ги постави конечните 4:1 за Лајпциг.
Ајнтрахт не се откажуваат од намерите да играа во Лигата на шампионите наредната сезона. Во дербито, тимот од Франкфурт го совлада Волфсбург со 4:3. Волфсбург се трети со 54 бода, еден повеќе од Ајнтрахт.
Волфсбург водеа со голот на Баку во шестата минута, но за 20 минути Камада и Јовиќ направија пресврт. На стартот од второто полувреме резултатот беше 2:2, откако израмни Вегхорст.
Ајтрахт потоа постигнаа два гола преку Андре Силва и Дурм, а во финишот Филип ги постави конечните 4:3.
> Кикс на Баерн, Лајпциг го растури Вердер, 7+ во Франкфурт <