Утрински Весник
Спорт

Киелини и Буфон ќе потпишат нови договори со Јувентус

Кјелини ќе пропушти поголем дел од сезоната

Торино, 22 март 2020 (МИА) – Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон и дефанзивецот Џорџо Киелини се близу до потпишување нови договори со клубот од Торино, пренесе „Тутопорт“.

Тековните договори на фудбалерите истекуваат ова лето. Според изворот, двајцата играчи наскоро ќе потпишат нови договори со „Бјанконерите“ – до 2021 година.

Триесет и петгодишниот капитен на Јувентус, Киелини, го пропушти поголемиот дел од сезоната поради руптура на вкрстените лигаменти. Оваа сезона дефанзивецот одигра само три натпревари, постигнувајќи еден гол.

Ветеранот, 42-годишниот Буфон е задоволен оваа сезона, настапи на 11 натпревари, прими девет гола и трипати ја сочува мрежата сува. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026