Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Киднапирано единственото преживеано момче при падот на жичарата во Италија

Киднапирано единственото преживеано момче при падот на жичарата во Италија
Img 7972

Италијанските власти започнаа истрага откако единственото преживеано момче од несреќата со жичарата во Италија во мај, е однесено во Израел, пишуваат медиумте во светот.

Родителите на момчето, неговиот помлад брат и неговите баба и дедо беа меѓу 14 -те лица загинати во несреќата.

Шестгодишното дете, по излегувањето од болница, престојувало кај роднините од страната на неговиот татко. Неговите роднини од Израел побарале старателство.

Семејството на момчето живеело во Италија неколку години пред несреќата, а роднините од страната на неговиот татко добиле старателство во јуни.

Во саботата, сепак, момчето било однесено од земјата. Го однел неговиот дедо, таткото на неговата мајка, кој се преселил во Италија по несреќата. На приватен лет, тој го извадил детето од земјата користејќи израелски детски пасош што го поседувало шестгодишното момче. Израелските дипломати потврдија дека момчето дошло во земјата.

Роднините од страната на мајката тврдат дека момчето било држено како да е заложник.

Гали Пелег, тетка на момчето, побарала негово посвојување во август, тврдејќи дека е заложник во Италија.

“Не го киднапиравме Еитан. Го донесовме дома”, изјави таа за израелското радио. Таа додала дека неговите родители планирале да се вратат да живеат во Израел пред несреќата.

Неговата тетка од Италија, онаа што се грижела за него досега и на која и е дадено старателство, вели дека ова е уште една трагедија и траума за детето.

Во несреќата во мај загинаа 14 лица. Несреќата се случила откако главниот кабел се расипал и кабината паднала од голема височина.

Можете да прочитате

Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа

Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај