Утрински Весник
Магазин

Кејт Винслет говори за снимањето на експлицитна секс сцена во новиот филм

Кејт Винслет говори за снимањето на експлицитна секс сцена во новиот филм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британската актерка Кејт Винслет проговори за снимањето на експлицитната секс сцена со Сорис Ронан во новиот филм Ammonite.

Таа генерира глума за Оскар со својота улога во лезбејската романтична драма во која глуми со 26-годишната Ронан, коментираат светските таблоиди.

Во разговор со „Холивуд репортер“, Кејт Винслет вели дека таа не само што е горда што требало да го покаже своето голо тело по раѓање на дете, туку и дека се чувствува најгорда за многу интимна сцена во филм.

„Дефинитивно не е како да јадеш сендвич“, рече таа за најексплицитната сцена во лезбејската љубовна приказна. „Сорис и јас самите ја кореографиравме сцената“.

Британската актерка (44) е насловната сторија на „Холивуд репортер“ пред јавната премиера на Ammonite на меѓународниот филмски фестивал во Торонто следниот месец.

Првично премиерата требаше да биде на Канскиот филмски фестивал во мај, но пандемијата на Ковид-19 го поремети планот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи