Утрински Весник
Свет

Кејт Бингем: Враќање во нормален живот дури на крајот на 2021 година

Кејт Бингем: Враќање во нормален живот дури на крајот на 2021 година
Dik 300x250 mk

Шефицата на британскиот стручен штаб за вакцина против Ковид-19, Кејт Бингем, во интервју за „Би-би-си“ оцени дека животот ќе се врати во нормала дури на крајот на 2021 година.

Таа најави дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна најрано до крајот на оваа година и додаде дека прво ќе ја примат најранливите членови на британското општество.

„Мислам дека не е веројатно дека иницијалната вакцинација ќе ги заштити луѓето засекогаш. Можеби ќе мора да се ревакцинираме за да го задржиме имунитетот против коронавирусот”, рече Бингем.

Во меѓувреме, во Северна Ирска беше објавено дека од петок ќе започне двонеделен прекин на училиштата и услужните дејности и четиринеделно затворање на ресторани и пабови со цел да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп