Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кејн: Тотенхем мора да победи на 7-8 натпревари за да се пласира во Лигата на шампионите

Кејн: Тотенхем има сила да ја освои Премиер лигата
Img 7972

Лондон, 1 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн кажа што е потребно за да се исполнат амбициите на тимот оваа сезона во Премиер лигата.

– Секако, треба да се обидеме да завршиме во првите четири. Ни претстои важен натпревар со Манчестер јунајтед, а за да влеземе во Лигата на шампионите, треба да победиме на 7-8 натпревари до крајот. Ова е нашата цел, затоа треба да завршиме моќно, изјави Кејн.

До крајот на Тотенхем му преостануваат уште девет натпревари.

По 29 одиграни кола во Англиското фудбалско првенство, „Спарси“ се наоѓаат на 8.место со 41 бод, односно седум помалку од Зоната која обезбедува учество во ЛШ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг