Утрински Весник
Спорт

Кејн се опорави од повредата, но сè уште не е јасно кога ќе може да игра

Тотенхем го крена трофејот од „Ауди Купот“ среде „Алијанц Арена“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 30 април 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо зборуваше за здравјето на напаѓачот Хари Кејн, како и на некои други играчи кои беа повредени пред сезоната да заврши во Англија.

– Кејн, Муса Сисоко и Стивен Бергваин веќе не се повредени. Проблемот е што тие сè уште не се подготвени да играат фудбал. Тие беа скоро опоравени од повредите кога ни забранија да тренираме поради коронавирусот. Не знам дали ќе можат да играат оваа сезона, прво мора да почекаме лекарите да им дозволат на играчите да тренираат, а потоа да видиме дали тие успеваат да бидат во оптимална форма, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.

Кејн има 17 голови и 2 асистенции на 25 натпревари за Тотенхем во сезоната 2019/20.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата