Утрински Весник
Спорт

Кејн се збогуваше со Спарс како најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата

Кејн се збогуваше со Спарс како најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата
Dik 300x250 mk

Асот на Тотенхем, Хери Кејн со 23 гола повторно е најдобриот стрелец во Премиер лигата во сезоната 2020/21, освојувајќи ја третпат оваа награда, а во исто време е прогласен и за најдобриот плејмејкер во лигата со фантастични 14 асистенции (исто така најмногу во ПЛ).

Ова е првпат од Енди Кол во 1994 година, ист фудбалер да ги добие наградите за „златната копачка“ и за најдобар плејмејкер во лигата, што само покажува зошто најмоќните европски клубови ќе се обидат да го добијат неговиот потпис по јавната најава дека сака да замине од Тотенхем.

Сцените по 4:2 победата на гости кај Лестер изгледаа како Кејн да се збогува со привремениот тренер Рајан Мејсон и со своите соиграчи, а по мечот тој даде интересна изјава.

„Што ќе правам следната сезона? Тоа ќе мора да почека по Европското првенство. Знам што ќе правам, но ќе предизвикам хаос ако кажам нешто“, изјави Кејн.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

> Кејн се збогуваше со Спарс како најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата <

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување