Утрински Весник
Спорт

Кејн и Бејл ги „растурија“ Кристал палас!

Кејн и Бејл ги „растурија“ Кристал палас!

Тотенхем стигна до импресивна 4:1 победа над Кристал палас за трет триумф во низа на тимот на Жозе Мурињо за доближување на само два поени од топ 4 пласман во Премиер лигата, откако Хери Кејн и Герет Бејл имаа вистинско шоу во северен Лондон.

Кејн прво му асистираше на Бејл во 25. минута за водство на Тотенхем, но Кристијан Бентеке со убав гол со глава израмни на истекот на првото полувреме. Во второто полувреме, во 49. минута, Кејн повторно му асистираше на Бејл за Велшанецот да го постигне својот шести гол во последните шест меча, за потоа Кејн самиот двапати да се запише во листата на стрелците во 52. и 76. минута.

Тотенхем сега се шести со 45 поени, еден зад Евертон на петтото место и два зад Челси, додека Палас се на 13. место со 34 поени.

> Кејн и Бејл ги „растурија“ Кристал палас! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027