Кети Пери, која моменатлно е судијка на „Американски идол“, беше инспирирана од две натпреварувачки во реалити-серијалот за да навести дует со Тејлор Свифт, со која претходно се скара.
Натпреварувачките Алтеја Грејс и Камил Лемб испеаја преработка на You Don’t Own Me („Не ме поседуваш“) на Лесли Гор, и откако им соопштија дека влегуваат во следната рунда, Кети им рече:Така прават кралиците!
Потоа Кети се сврте кон нејзините колеги судии, Лук Брајан и Лајонел Ричи и рече: „Можете ли да замислите Тејлор и јас да работиме заедно, што можеме да сториме?“
Голем број фанови оттогаш се огласија на социјалните мрежи за да ја споделат својата возбуда за можната соработка со пораки: „Ве молам, исполнете ги нашите желби, Тејлор Свифт и Кети Пери!“