Утрински Весник
Спорт

Кеси: Дојдов во Барселона поради Чави

Франк Кеси ја засили Барселона како слободен агент од италијанскиот шампион Милан, а денеска ја имаше својата презентација на „Камп Ноу“. Тој призна дека пресуден фактот да ја прифати понудата била соработката со тренерот Чави Ернандез.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе ве повика голем тренер како Чави, тогаш гледате дека сите ваши досегашни напори вределе. Многу сум среќен што сум дел од ова семејство и овој голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и стручниот штаб и да почнам да работам“, изјави Франк Кеси.

Барселона треба официјално да го промовира и Андреас Кристенсен, дефанзивецот кој дојде од Челси.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина