Утрински Весник
Спорт

Кени Далглиш позитивен на Ковид-19

Кени Далглиш позитивен на Ковид-19

Ливерпул, 10 април 2020 (МИА) – Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Кени Далглиш (69) е позитивен на Ковид-19 и моментно се наоѓа на болничко лекување, соопшти вечерва неговото семејство.
„Кралот Кени“, како што го нарекуваат фановите на „црвените“ од „Енфилд“, е хоспитализиран од средата.
Поранешниот шкотски репрезентативец се надева дека ќе се избори со коронавирусот, додека семејството упати молба до медиумите да ја почитуваат неговата приватност, бидејќи, со оглед на возраста, спаѓа во ризична група на заболени. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија