Утрински Весник
Македонија

Кекеновски: Да ги симнеме од власт партиите кои меѓусебно се амнестираат за сторениот криминал

Кекеновски: Да ги симнеме од власт партиите кои меѓусебно се амнестираат за сторениот криминал

Додека европските цивилизирани држави прогласуваат победа над коронавирусот и слават симнување на маските, нашите сегашни и поранешни властодршци заслепени од желбата за власт по секоја цена, со помош на дискриминирачкиот и недемократски Изборен Законик бесрамно газат по мртвите и жртвите на коронавирусот, истакна денеска Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, носител на листата во првата изборна единица за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

„Потребно е граѓаните да се одважат и да се охрабрат заеднички да ги казниме СДССМ, ДПСМНЕ и ДУИ затоа што тие единствено што имаат на ум е да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели, а во суштина и пракса меѓусебно да се амнестирааат за сторениот криминал и невиден арамилак. Најновите аудио бомби ја потврдуваат неодговорноста, дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие партии. Ова е повеќе од скандалозно и неморално. Жално е што новиот Закон за ЈО не ги третира овие аудио бомби како докази, во спротивно во нормална држава ваквите персони веднаш ќе си го добиеа своето заслужено место во некој затвор“, рече Кекеновски.

Тој во име на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ вети дека во првите 30 дена од изборот ќе го укинат Изборниот законик и новиот Закон за ЈО кој, како што рече, ги штити оние кои сега и оние кои во иднина ќе бидат на власт.

Кекеновски во своето обраќање го повика и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев да одговори на обвинувањата дека додека бил директор на Агенцијата за разузнавање таа не била искрена со Јавното обвинителство во истрагата за Диво насеље.

Текстот Кекеновски: Да ги симнеме од власт партиите кои меѓусебно се амнестираат за сторениот криминал е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути