Утрински Весник
Магазин

Кевин Спејси уверен дека ќе го исчисти своето име по обвиненијата за сексуална злоупотреба

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оскаровецот Кевин Спејси изјави дека доброволно ќе се појави во Британија во најскоро можно време за да се соочи со обвиненијата за сексуален злочин, извести „Добро утро Америка“ во вторникот.

Минатата недела, британското кралско обвинителство (ЦПС) соопшти дека одобрило да се покрене обвинение против Спејси (62) по четири точки за сексуален напад врз тројца машки лица, и дополнително обвинение за наведување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.

Полицијата соопшти дека наводните напади се случувале од март 2005 година до април 2013 година, – четири во главниот град и еден во Глостершир. Вклучуваат едно машко лице кое сега има 40 години и уште две машки лица кои сега имаат 30 години.

Портпаролот на „ЦПС“ изјави дека Спејси ќе биде обвинет доколку биде уапсен во Англија или Велс.

„Многу ја ценам изјавата на Кралското обвинителство во која тие внимателно ги потсетија медиумите и јавноста дека имам право на правично судење и дека сум невин додека не се докаже спротивното“, Good Morning America ја цитира изјавата на актерот.

„Иако сум разочаран од нивната одлука, доброволно ќе се појавам во Обединетото Кралство веднаш штом ќе биде договорено и ќе се бранам од овие обвиненија, за кои сум убеден дека ќе ја докажам мојата невиност.“

Британските власти, наводно, бараат враќање на Кевин Спејси од САД во Велика Британија за да се соочи со обвиненијата за сексуален злочин. Некои британски медиуми навестија дека Спејси ќе се соочи со официјална екстрадиција во Британија доколку доброволно не се врати во земјата.

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо