Утрински Весник
Магазин

Кевин Бејкон потфрли во депилирањето на бикини-зоната на сопругата Кира Сеџвик

Кевин Бејкон потфрли во депилирањето на бикини-зоната на сопругата Кира Сеџвик
Dik 300x250 mk

Актерката го ангажирала сопругот да ѝ помогне во негата бидејќи салоните за убавина се затворени поради пандемијата и затоа што тој „обично е снаодлив и добар во многу работи“.

Сепак, се покажало дека неговите способности не се преточиле и во вешт козметичар за депилација со восок.

Кира Сеџвик гостуваше во „Џими Кимел лајф“, кога на водителот му рече: „Сфатив дека ми треба депилација на бикини-зоната. Си реков: Колку тешко може да биде да се направи тоа? Сум гледала жените како го прават тоа со години. Отсекогаш го ценев нивното внимание на деталите, но не мислев дека ќе биде толку тешко.“

„Кев е неверојатно практичен, тој е навистина добар во многу работи. Тој е добар готвач, знае како да поправи работи … И двајцата рековме: Зошто да не го направи и тоа. Влегов на интернет и го нарачав најдобриот прибор со восок, ги погледнавме упатствата…“

Но сепак, 55-годишната актерка имала болен „агонизирачки“ третман благодарение на неконвенционалната техника на депилација на својот сопруг.

„Не велам дека тоа беше катастрофа, но вистинско чудо е што не завршив во оддел за итни случаи,“ се пошегува таа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)

Денеска се празнува Светиот маченик Арета