Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Квин Латифа: Родителите ме воспитуваа без родови ограничувања, затоа сум силна

Квин Латифа: Родителите ме воспитуваа без родови ограничувања, затоа сум силна
Img 7972

Квин Латифа вели дека нејзините родители ѝ помогнале да стане силна со тоа што ја воспитувале без ограничувања врз основа на полот.

Познатата музичарка и актерка, ѕвездата на Girls Trip, изјави дека не ѝ било кажувано „што е за машко а што за женско“ додека растела, бидејќи нејзините родители сакале таа да стане цврста и смета дека отсуството на родови стереотипи во воспитувањето ја направило да биде она што е денес.

“Мислам дека моите родители навистина се обидоа да ме направат јака на мала возраст. Имав голема среќа да ги имам двете страни на медалјата,“ рече раперката.

„Јас сум дефинитивно производ на моите родители. Татко ми навистина ме направи жилава. Ме научи како да се борам. Ме запиша на часови по таеквондо.“

Во интервју за „Пипл“, квин Латифа открива дека мајка ѝ ја носела на часови по танцување, и на часови по гитара.

„Мајка ми е кралицата во мене. Се што е кралско за мене е од неа. Таа ги измазнуваше моите груби рабови.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември