Утрински Весник
Спорт

Каљари ќе го откупи Беланова, па ќе го проследи во Јувентус

Каљари ќе го откупи Беланова, па ќе го проследи во Јувентус
Dik 300x250 mk

Челницте на Јувентус прават планови за летниот преоден рок. Високо на листата на засилувања котира играчот на Каљари, Раоул Беланова.

Беланова е десен бек, има 21 година, сезонава на 21 натпревар постигнал еден гол и забележал две асистенции.

Инаку, тој сезонава игра за Каљари како позајмен играч од Бордо. Екипата од Сардинија има опција да го откупи неговиот договор за 2.000.000 евра.

Планот на Каљари е да го откупи Беланова и веднаш потоа за 9.000.000 евра да им го продаде на Јувентус.

Беланова во младинските категории настапувал за Милан, во Бордо е од 2019 година.

> Каљари ќе го откупи Беланова, па ќе го проследи во Јувентус <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја