Утрински Весник
Магазин

Кајли Џенер и Тревис Скот добија син

Кајли Џенер и Тревис Скот добија син

Кајли Џенер вторпат стана мајка, објавија таблоидите во неделата, додавајќи дека младата милијардерка и нејзиниот партнер Тревис Скот добиле машко бебе.

Кајли (24), најмладата од сестрите Кардашијан, која веќе има четиригодишна ќерка Сторми со раперот, во неделата на својот Инстаграм-профил напиша дека се породила на 2 февруари, еден ден по роденденот на Сторми. Таа не го откри полот на детето.

А во понеделникот, „Е! њуз“ и „Пипл“ потврдија дека новороденчето е машко.

Покрај црно-белата фотографија од раката на новороденчето, таа стави емотикони со сино срце и датум „2/2/22“.

Постарата полусестра на Кајли, Ким Кардашијан (41) ја честиташе убавата вест. „Честитки за Тревис, Кајли и Сторми“, додека нивната мајка Крис Џенер (66) едноставно напиша Angel Pie.

Мaгазинот „Пипл“ цитира извор близок до Кајли: „Таа веќе некое време сака да ѝ подари братче или сестричка на Сторми. Сака да биде мајка и беше многу среќна кога откри дека е повторно бремена. Уживаше во бременоста, а највеќе време поминуваше со блиските пријатели и семејството.“

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата