Кајли Џенер се пофали со својата „дива“ страна во понеделникот, додека позираше заводливо пред камерата, облечена во хеланки со леопард принт, во рамки на промоција на нова линија на нејзината козметичка компанија.
„Дива работа“, ја наслови објавата на две фотогтафии на кои седи во просторија покриена со разни леопардни принтови – од нејзиниот стол до таванот и подот.
Ветеранката на реалната телевизија позира со прилично затегнатите нозе свртени настрана од камерата, истакнувајќи ги своите облини.
„Мојата потполно нова колекција @kyliecosmetics доаѓа на 26-ти!!! Предолго го чекав ова! Многу сум возбудена што конечно е тука !!!“
Додека сè уште нема откриено детаљи за новата колекција, таа ги советува своите 198 милиони следачи на социјалните мрежи да бидат подготвени доцна денес за откривање на повеќе детаљи на нејзиниот Инстаграм.
Само 45 минути по објавата, реалити sвездата доби повеќе од 2.1 милиони лајкови и 11. 000 коментари од фановите, кои ја пофалија дека изгледа „феноменално“ во леопарден аутфит.